Препознавање, причина и третман на Деструктивното однесување на децата

Најпрво навистина е значајно да се зборува за најраното детство кое е предвесник на опозиционалното или бунтувачкото однесување на школските деца и адолесцентите.
Со раѓањето на детето, родителите се првото социјално опкружување за нивните деца, домот е првата социјална единица каде детето го спознава светот и ја акомодира и асимилира шемата на идното однесување.
Се што Вие зборувате, секое Ваше дејствување во детските очи личи совршено. Малите деца поради нецолосна матурација на мозокот, немаат сеуште развиено способност да препознаат добро од лошо, исправно од погрешно.
Не е тајна дека децата го спознаваат надворешниот свет од Вашиот начин на сакање и од начинот на тоа како вие сте респонсивни на нивните потреби кога се најмали и безпомошни.
Но како да не погрешите во воспитувањето?
- Да ве охрабрам не постои родителство кое е безгрешно, како што не постои дете кое нема да прави грешки, нема ништо страшно да се погреши но има страшно во непрепознавањето на грешките и продолжување со постапувањето несоодветно.
Како да ја поправиме грешката?
Едноставно преку позитивното родителство:
- Не заборавајте да му зборувате афирмативно на вашето дете, пофалете го кога постапува конструктивно, родителите често многу подобро го забележуваат пркосењето на своите деца од однесувањето кое им се допаѓа.
- Поставувајте јасни граници и бидете доследни на истите ( мајка што е постојано на компјутер и телефон, нема простор да постави правило дека нејзиното дете не треба долго да користи електронски уред), ние сме ролмоделот на нашите деца, тие се нашата реплика.
- поминувајте квалитетно време заедно, во модерното време навистина ни останува малку време но да не бидеме спречени и тоа кое што го имаме да биде сведено на отсуство во комуникација со нашите најмали. ( 10мин зборување со вашето дете е поквалитетно време од седење 1 час заедно и гледање на филм)
- Бидете активен слушач на Вашето дете, никогаш не го прекинувајте кога ви зборува, сигурно има значајно нешто да Ви каже,
- Создадете средина каде што Вашето дете ке се чуствува безбедно да зборува на секоја тема, на начин на кој што ке ги прифатите и негативните емоции, без дополнително да го осудувате за истите. Логично е дека и ние како возрасни би се чуствувале посигурни доколку некој не разбира кога не е нашиот најдобар ден.
- Имајте предвидлив ден со вашите деца. Деца кои имаат јасни правила и очекување за тоа што ке се случува утре делува протективно и превенира развој на анксиозни нарушувања.
