Кога за првпат стануваш мајка…

1. БИДИ НЕЖНА СО СЕБЕ.
Не мора веднаш да бидеш „старата ти“. Телото, емоциите, ритамот и секојдневието ти се менуваат. Дај си време. Запознај ја новата жена. Посакај и добредојде на новата форма од себе што се вика мајка.
2. ТИ СИ ПРИОРИТЕТ, И ТОА НЕ Е СЕБИЧНО.
Одмор, сон, храна, тишина, туш, прошетка, разговор грижата за тебе не е нешто што доаѓа откако ќе завршиш со сите други. И мајката има потреба од грижа.
3. ОСЛОБОДИ СЕ ОД „РЕАЛНИТЕ ОЧЕКУВАЊА“.
Можеш да бидеш пресреќна и истовремено уморна, исплашена, збунета или тажна. Две спротивни чувства можат да постојат во исто време. Тоа не значи дека тука некаде "спие твојата вина". Само едноставно, хормоните си го прават своето.
4. „ДОБРА МАЈКА“ НЕ ЗНАЧИ СОВРШЕНА МАЈКА.
На твоето бебе не му треба совршенство. Му треба мајка која е присутна, која се обидува и не се откажува, која умее да погреши и да ја прифати сопствената грешка, жената чиј што пример станува водилка за нејзиното дете. Колку порано твоето дете прифати дека е човечки да се погреши, толку помалку ќе се бори со стравовите кои ги носиш денес ти.
5. ПОБАРАЈ ПОМОШ ПРЕД ДА СТАНЕ ПРЕТЕШКО.
Не мора да стигнеш до исцрпеност за да заслужиш поддршка. Помошта од партнерот, семејството, пријателите или стручно лице не е слабост. Таа е грижа за тебе и за твоето семејство.
6. НЕ ЗАБОРАВАЈ ДЕКА ПОКРАЈ „МАМА“, СÈ УШТЕ СИ ТИ.
Прави мали нешта за себе како на пример: 5 минутно кафе сама со себе , барем 10 минути музика, кратка прошетка, средба со пријателка, 1 лист од твојата омилена книга...мајчинството е дел од твојот идентитет, ти постоеше и пред да станеш мајка.
7. ЗАПОМНИ:
Не си само „мама“. Ти си светот низ кој твоето дете првпат ја запознава сигурноста, блискоста и љубовта. Но и ти заслужуваш да бидеш безбедно место за себе.
